БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта како на квиз наместо “повикај пријател” сакаат да повикуваат пратеник за обезбедување на мнозинство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Актуелната власт продолжува со своето зацртано сценарио по секоја цена да обезбеди мнозинство во парламентот а со тоа и да си опезбеди подолго да остане на власт во државата.

Тесното мнозинство на пратеници што застанаа во поддршка на владата нма Зоран Заев од само 62 пратеници се чини е директна препрека на патот на Заев да продолжи со деструктивната политика која ја спроведуваше во изминатиот период. Како измама пред електоратот Заев најавуваше дека ќе му се придружат дополнителен број на пратеници кои ќе значеа стабилност на неговата влада. Но во реалност се чини дека се случува токму обратниот процес, т.е. пратеници од владеачкото мнозинство ќе го напуштат него и неговиот брод кој што тоне со забрзана сила. Ваквата можност неодамна ја најави Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Дополнително неподготвеноста на Зоран Заев да комуницира со опозицијата за обезбедување на политики кои се од интерес на граѓаните додава уште еден елемент на елитизам и диктатурата на едноумието кое што владее во СДСМ и воопшто во власта во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од тие причини власта бара на секој начин можност за обезбедување на мнозинство во очи на најавената интерпелација на работата на Зоран Заев и неговата влада на истекот на 100 денови од старо-новиот мандат.

Денеска Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски му упати категорична порака на самиот Заев и ивласта дека опозициската партија нема да дозволи пратеници да не одат на работа на своето работно место а притоа да може да гласаат за поддршка на владата на Заев.

“Нема да дозволиме злоупотреби во Собранието. Со оваа постапка се покажува силата на опозицијата. Пратениците според Уставот мора да се присутни во Собранието. Ако можат сите други во државава да одат на работни места, можат и пратениците. И да сме на јасно – власта бара онлајн гласање затоа што нема мнозинство! Нема друга причина. Нема да дозволиме!”

-напиша на фејсбук Александар Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace