БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта на СДСМ и Љупчо Николовски признаа дека не вршеле редовна исплата на субвенциите

Пренеси го гласот

Во годишната програма за директни плаќања на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој за 2022 година предвидена е ставка за исплата на заостанати обврски од претходни години во износ од 16 милиони евра.

Оваа сума на неисплатени пари на земјоделците во минатите години е огромна имајки го предвид фактот што актуелната власт на СДСМ и актуелниот министер Љупчо Николовски не пропуштаат можност да истакнат во јавност како земјоделието се развива додека тие се на власт.

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со ваквата неповолна состојба каде земјоделците не ги добиваат финаниските сретства кои им ги должи државата во предвидените рокови, во јавноста упати реакција со која ги разобличува обидите за манипулација од страна на актуелниот министер и влада.ж

“Баклавата е изедена, ама тепсиата стоо❗️
Признанието на Николовски и сдсм дека субвенциите не се исплаќаат навреме❗️
Во програмата за 2022 г. предвидуваат 16 мил.€ за заостанати обврски од предходни години.”

-соопшти Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот