Денеска со повеќе содржини, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промовира проектите кои што градоначалниците кои ја добија довербата на граѓаните на последните локални избори, ги реализираа во изминатите 100 денови во општините ширум Македонија.
Под слоганот “ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА” ќе биде направен пресек на затекнатитет состојби во единиците на локалната самоуправа по завршувањето на мандатот на претходните градоначалници, но и ќе бидат афирмирани реализираните и започнатите проекти од страна на новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Настаните ќе се одржат во просториите на Македонската филхармонија со повеќе панел дискусии на кои што свое учество ќе земат претставници на ВМРО-ДПМНЕ и експерти во сферата на локалната сдамоуправа.
За крај на денешната работна агенда во 17.00 часот е предвидено обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицккоски кој ќе упати повеќе пораки за значењето на работата на градоначалниците и политиките кои што се спроведуваат.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“