БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта не сака да набави компјутери за сите ученици да может да следат онлајн настава, наместо тоа набавува кондоми и лубриканти, обвинува Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, во Македонскиот парламент реагираше во јавноста во врска со одбивањето од страна на парламентарното мнозинство да гласа за предлогот на опозицијата да се одвојат финансии за напавка на компјутери за учениците кои што немаат сретства да набават свој компјутер за да ја следат наставата преку националната платформа за учење. Наспроти ваквата одбивност да се помогне на овие семејства, владата набавува кондоми и лубриканти кои очигледно се поголем приоритет за актуелното владеачко мнозинство во државата, обвинува Јован Јаулески.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата реакција:

“Бенџамин Френклин рекол:
„Најмногу се исплати инвестицијата во образованието.“
Е сега, ако ,,образованието” го замениме со лубриканти, ќе дојдеме до она што е приоритет на нашата влада, по не знам кој пат. Токму затоа ги одбија и нашите амандмани за набавка на компјутери за децата кои не се во можност и непречено да можат да ја следат онлајн наставата, затоа негрижата за младите и образованието е она што СДСМ ги прави СДСМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во време кога 50тина илјади луѓе во Република Македонија останаа без работа како последица од коронавирусот, кога економијата е во банкрот, фабрики се затвораат, покачени се сите давачки и народот гладува – владата да набавува презервативи и лубриканти не само што е поразително, туку е и срамно! “

https://www.facebook.com/jovanjauleski/posts/943423596155926

Креирано од:


Пренеси го гласот