БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта се уште молчи по масовното отпуштање на работници од фирма блиска на власта во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција повторно од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип уште еднаш упатија своја реакција во врска со масовните отпуштања на работници од една штипска фабрика за која од опозицијата велат дека е блиска до градоначалникот на општина Штип Сашко Николов.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот од прес конференцијата на Игор Ефтимов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип:

“Откако поминаа неколку денови од масовното отпуштање од фамилијарната компанија на Градоначалникот на Општина Штип, дојде време да завземете став во врска со тие случувања. Имено, несфатливо е како политичката партија која ја води законодавната и извршната власт, се‘ уште да не го искаже својот став по ова круцијално прашање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Затоа, уште денес Ве повикуваме да излезете на прес конференција за отпуштањата во Баргала! 

Ве повикуваме да кажете на чија страна сте после оваа катастрофа – на страната на работниците или на страна на Градоначалникот на Општина Штип?! 

И се разбира, да предложите мерки за намалување на социјалниот удар кој е нанесен врз 100те недолжни семејства на наши сограѓани.

Затоа што, не заборавајте, Вие сте на власт, за да ги штитите интересите на граѓаните, а не Ваш виоко поставен функционер да навредува и омаловажува групи и лица кои не во иста линија со вашата политичка опција и неговиот социјален статус.”

-рече Игор Ефтимов на прес конференцијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace