БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Влатко Лозаноски трасира нови стандарди во Мак-музиката. Најава за концерт кој ќе означи почеток на новото време

Пренеси го гласот

Во сабота на 23-ти февруари во салата Борис Трајковски ќе се одржи голем и несекојдневно гламурозен концерт на еден од најдобрите вокали во државата но и пошироко во меѓународни рамки-Влатко Лозаноски.

Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислиме дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман,

најавуваат од Авалон продукцијата под чија што продуцентска и организаторска палка се реализира овој концерт.

Изминатата година за Влатко Лозаноски беше супер успешна во која хитовите “Јако, јако”, “Километри”, “Надеж”, “Камо тебе да те имам” ја збогатија Македонската забавна и естрадна сцена со својата убавина и екстравагантност, за што можеме слободно да тврдиме дека концертот ќе биде убава можност за забава и дружење со досегашната целокупна музичка и уметничка кариера на Лозано.

Самиот Влатко Лозаноски на социјалните мрежи порача:

Друштво, на 23ти, со мојот бенд, Ве чекаме на гости во “Борис”, одвај чекам да Ве видам и да пееме заедно во еден глас

Овој концерт ќе биде камен темелник на Македонската естрадна сцена и репер за наредни успеси како за самиот Лозано, така и за многу други Македонски изведувачи.

Креирано од:


Пренеси го гласот