“Насловена „Лидери за иднината“, Политичката академија ќе обедини повеќе од 20 амбициозни лица, подготвени да се вклучат во сериозна дебата за најважните предизвици за Македонија, да учат од одлични тренери и предавачи, но и да го споделат своето искуство со некои од лицата кои оставија траен печат во македонската политика. Главна цел на Aкадемијата е да се зајакнат лидерските знаења и вештини на политички ангажирани млади луѓе, како и да се мотивира нивното идно учество во креирањето политики кои значат напредок на Македонија.
Јавниот повик е отворен до 10 март 2023 година, а првиот модул започнува на 31 март 2023 година.![]()
Модулите на Политичката академија се поддржани од партнерите на ВМРО-ДПМНЕ: Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт (НДИ).

Пријавувањето се врши на piac@vmro-dpmne.org.mk или во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на адреса плоштад ВМРО бр. 1, 1000 Скопје”
-фејсбук статус на Стефан Андоновски
Повеќе инфо тука.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи