БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Леб и игри (Panem et circenses) во Македонија во 2023 година од нашата ера

"Единствено две работи луѓето најмногу ги посакуваат- леб и игри", рекол римскиот поет на сатирата Децимус Јуниус Јувеналис познат како Јувенал. Оваа кованица во разни периоди низ историјата е метафора за неспособноста на едно општество да опстои на своите демократски вредности трансформирајки се кон суров систем на недемократско државно уредување од најразличен облик.
Пренеси го гласот

Леб и игри (panem et circenses) е термин кој што прв го употребил токму овој римски поет за да ја објасни причината за тоа на кој начин слободна република каква што бил антички Рим од 133 година пред нашата ера и за само 100 години се трансформира во авторитарна глобална Римска Империја во 27 година п.н.е.

Оттука идејата преку обезбедување на храна (леб) и забава за луѓето тие да ги извршуваат своите граѓански должности (со наши зборови да си ја бркаат “својата” работа) без да пркосат на владетелите, не е нова.

Леб и игри е термин кој на најдобар можен начин ги опишува луѓето кои што својата слобода ја трампаат за некаква привремена стабилност која им ја обезбедува владата.

Концептот “Леб и игри” е исто така соодветен описник за Марксистичката Доминирачка идеологија која подразбира авторитарна управувачка класа наспроти економски хендикепирани општествени групации кои треба да останат такви преку иструментите на овој концепт кои нудат леб и забава.

И додека владетелите на Римската Империја за задоволување на потребата од храна и човечката природа за забава ја обезбедувале преку претставите во Римскиот Колосеум, денеска во Македонија можеме да видиме едно бледа сенка на ваквата политика на дамнешните римски владетели. Мантрата “Ќе им леб за сите граѓани” на Димитар Ковачевски се претвори во пародија на претходно воспоставената мантра “Ќе има живот за сите” од страна на Зоран Заев.

Додека членовите на Централниот Комитет на поранешната КПЈ се гушеле во сопствените неспособности, авторитарни кожурки и брутална пресметка со потчинетата т.н. работничка класа, денес во Македонија имаме случаи на политички затвореници и пресметка со сите кои што мислат различно од премиерот, министерот, партискиот шеф, градоначалникот….

Тоа е таа матрица на “плава крв”, предодредени за да владеат- поединци кои што функцијата платена од парите на граѓаните си ја предаваат од колено на колено, со генерации…

Денеска Премиерот Димитар Ковачевски заедно со Министерот за економија Крешник Бектеши се снимаше/фотографираше во маркет пред шкафовите со леб “смирувајки” ги граѓаните дека владата ќе обезбеди евтин леб за народот наспроти “алчните” производители на леб кои што според премиерот безобразно се богателе на грбот на граѓаните.

bregalnickimarketing

Ваквата “борба” на премиерот за обезбедување на евтин леб за народот, задолжително оди рамо до рамо со камери, фотоапарати, изјави за медиуми, прашања за дефокус од вистинските проблеми во државата и политичка забава и сеир за народот распространета на социјалните мрежи од контролирани центри на моќ од власта.

Македонија во 2023 година се наоѓа во најтешката криза од своето постоење како независна држава. Причините за ваквата состојба се директно лоцираат кај неспособноста, криминалот, корупцијата на владините функционери доминантно од СДСМ и ДУИ. На овие три причини кои што предводат во апокалиптичното сценарио за руинирање на државата, се приклучуваат непотизмот, партизацијата, селективната правда, злоупоребата на државните ресурси за лични и партиски цели кои што ги спроведуваат функционерите на СДСМ, ДУИ и нивните сателити на штета и на грбот на сите граѓани во државата.

Нема поинаков лек за ваквиот канцер во државата! Граѓаните на Македонија масовно на избори треба хируршки прецизно да го отстранат овој нараснат тумор во Македонското државно ткиво, како би опстојала Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот