Во текот на вчерашниот ден од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на прес конференција на која упатија повеќе прашања до власта и владејачката СДСМ во Кочани.
Во продолжение во целост го пренесуваме текстот од прес конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани:
“Завчера бевме сведоци на обелоденета криминална врска на високи функционери од СДСМ, кои заедно со лица од медиумите рекетирале бизнисмени за огромни суми пари, видовме дека СДС од политичка партија се претвори во монструм кој ја јаде државата од внатре а ја распродава надвор!
Во тој контекст, загрижувачко е соопштението на претседателот на ОО на СДСМ со кое градоначалникот, директорите и раководителите си ги најавува како лична партиска војска и ги “праќа“ во посета на наши сограѓани?
Сега прашуваме дали тој “партиски” монструм, планира, преку овие функционери да ги уценува кочанчани ?
Дали е вистина претседателе дека имате насока според која Тимовите кои ги најавивте ќе треба да лоцираат кој каде живеете, со кои проблеми се соочува, дали некој има проблем со легализација, или има проблем со дворно место, со вработување, и слично и потоа со таа информација, преку вашите функционери, планирате да ги уценувате нашите сограѓани? Дали е точно дека имате насока и партиска наредба секој тим да води писмена евиденција за ова?
Дали сето ова е замислено по примерот на вашите идоли Кики и Фрики, само што тие ги уценуваат бизнисмените за огромни суми а вие од ОО како понизок ешалон ќе не уценувате нас обичните смртници?
Порачуваме-вие, вашите тимови, и градоначалникот, да се држите подалеку од селата, подалеку од урбаните заедници подалеку од граѓаните, нема веќе место за уцени, нема, заврши тоа време! Градоначалникот и функционерите нека си ги вршат работите за кои се платени и ако имаат службена потреба нека одат и по селата и по маалата ама не ПО ПАРТИСКА НАРЕДБА и не за да се занимаваат со уцена и рекет.
И за крај очекуваме градоначалникот, директорите и раководителите да се оградат од ова ваше партиско соопштение во кое ги претставувате како “партиски слуги“.
Со почит, “
Миле Лефков
Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани