По повод партиската прес конференција на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани во текот на вчерашниот ден од штабот на владеачката СДСМ во Кочани во јавноста упатија свое соопштение.
Истото го пренесуваме во целост:
“Почитувани сограѓани,
По денешната прес-конференција на ДПМНЕ, го забележуваме нивниот огромен страв дека ќе биде обелоденета нивната вмешаност во корупцијата – од која тие и нивните функционери никогаш не се откажаа.
Апелираме секој што ќе биде рекетиран, уценуван и на било кој начин омаловажуван – да пријави во надлежните институции. Причината зошто ќе бидеме со граѓаните е тоа – да се дознае вистината! Со последното апсење ние покажавме зрелост и така ќе биде за секој.
ДПМНЕ се докажа како неписмена партија која не чита пресови, туку чита партиски директиви и употребува лаги и термини кои не доликуваат на прес.
СДСМ беше и ќе остане со народот, заедно со сите членови. Очигледно, ова е најголемата закана за ДПМНЕ, кое со години ја тероризира оваа држава. Крадењето и криминалот се олицетворение со име ДПМНЕ. Вистината ќе се дознае!”
Претседател на ОО СДСМ – Кочани
Гоце Серафимов

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист