Во врска со информациите кои ја алармираа јавноста во Кочани но и пошироко во регионот дека општата болница во Кочани нема греење за своите простории во време на драстично ниски температури, своја реакција во јавноста упатија од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани:
“Без компас…
Кочанската болница – 5 години синоним за дезорганизација.
Нема греење во зима(а и да има, тоа е млако и без пет ќебиња не си завршил работа ), нема доволно лекови, нема возен парк(а и тој што го има е запустен и необновен)…
Значи нема што нема!!
Нема 24-часовен рентген, нема 24-часовна лабораторија, нема осветлување навечер (немаше и пред мерките за штедење), нема лекари на гинекологија, на интерно, па и на педијатрија…се на се – претурање од шупло во празно?!
Една работа започната?
Можеби после некое време кога ќе се промени менаџментот и кога сериозни луѓе ќе работат сериозни работи…дотогаш ќе гледаме распаѓање и девастирање на нешто што беше – болница!”
-алармираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“