БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ на предлог на студентите поднесе барање за измена на законот за студентски оброк

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското собрание по предлог на студентите доставија барање за измена и дополна на законот за студентски оброк.

Во врска со ова болно прашање за студентите своја прес конференција имаше Марија Петрушевска- од ВМРО-ДПМНЕ од пред парламентот.

“Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реализиравме средба со претставниците на студентите, со универзитетското студентско собрание со претседателот Николовски и неговиот тим.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Имено, тие до собранието доставија барање за измена и дополна на законот за студентски оброк. Ние како пратеничка група веднаш го поднесовме и оваа прилика ја користам да ја изразам поддршката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ токму за барањата на студентите.

Законот ќе се најде на утрешната седница, меѓутоа она што забележавме е дека законот е ставен на 23 точка. Оттука ние како пратеничка група ќе побараме ова точка да биде приоритет бидејќи законот го поднесовме во скратена постапка, односно да се најде како прва точка на дневниот ред заради тоа што ценам дека е исклучително важно да има консензус во врска со барањата на студентите. И апсолутно нема потреба да се одолговлекува постапката.

Имено, ќе побараме оваа точка да биде прва точка на дневен ред. Ги повикуваме колегите од пратеничките групи да се приклучат кон ова барање и да го поддржат законот со цел да излеземе во пресрет на потребите и барањата на студентите. И веднаш после тоа бидејќи истиот ќе се најде и на комисијата за финансирање и буџет како предмет, сме подготвени истиот ден да ја повикаме комисијата за финансирање и буџет.”

-рече на прес конференцијата од Македонскиот дом на демократијата пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace