БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ од Кочани ја алармира јавноста за физички пресметки на полициски службеници од МВР Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција попладнево пристигна реакција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани во врска со наводно постапување на полициски службеници несоодветно за нивната позиција.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на писмената реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани:

“ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ФИЗИЧКИ СЕ ПРЕСМЕТУВАЛЕ НА ПАРКИНГ ПРЕД УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ГРАДОТ

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во текот на претходната седмица, полициски службеници од МВР Кочани во видно алкохолизирана состојба меѓусебно физички се пресметувале на паркинг пред извесен угостителски објект во градот. Во физичката пресметка еден од службениците се здобил со тешки телесни повреди, нанесени од страна на група од негови колеги, за кои постои сомневање дека се во блиски релации со началникот и командирот на ОВР Кочани. Дали ова сознание е точно, и е можеби главната причина поради која за споменатиот инцидент со денови се молчи од ОВР Кочани и во врска со истиот јавноста не е информирана преку релевантните форми на известување за дневните кривични настани? И дали излезноста во нивниот билтен е на истиот начин или сега е со Н.Н. лица? Постојат сомнежи и за притисоци од страна на раководните структури на ОВР Кочани за прикривање на целиот случај, неправилно реагирање и постапување по пријавата за физичката пресметка, како и за тоа дали се преземени соодветните интерни мерки кон насилните полициски службеници. Ваквиот настан несомнено дава лоша слика за грижата за состојбата со безбедноста во Кочани, имајќи предвид дека во инцидентот учесници се токму лица кои по службена должност се најодоговорни за воспоставување на јавниот ред и мир во градот. Во оваа прилика прашуваме и дали во изминатиот период овој кривичен настан е единствениот случај на меѓусебна пресметка и насилство од страна на полициски службеници од ОВР Кочани или постојат и други вакви примери на недолично однесување? Дали контролата на Министерот се сведува на ваков начин и пристап, и дали за граѓаните е еден а за блиски на командирите е друг аршинот?”

Реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace