“ Во ЕУ и НАТО не се оди со тендери за апетисани и слатки со ненормално високи суми, со кирии од 5000 евра кои Шеќеринска ги земаше, бонбона- бизниси, грантови и тендери доделени на фирми во сопственост на државни и партиски сопственици, или пак стипендии доделени на нивните деца. Да ја потсетиме Шекеринска и на лошата и кобна за сите нас, територијална поделба и нејзиниот став дека ,, некои прашања не заслужуваат одговор“.
Џабе ви е ,,господа“, вие сте веќе прочитана книга за народот. ВМРО-ДПМНЕ е против капитулантскиот договор Заев- Ципрас! Република Македонија нема да оди напред со откажување од македонскиот идентитет и се што е македонско! СДС врши грубо потценување на македонскиот народ , со цел да ги прикрие своите криминали. Вршат измислена поделба на народот, дека некој е ЗА, а некој е ПРОТИВ ЕУ и НАТО, во зависнот од тоа, дали го поддржува или не, штетниот капитулантски договор. “ –
-изјавија од ВМРО ДПМНЕ Струга.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово