БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Делчево пристигна донацијата од Македонската заедница во Швајцарија со првите 10 неинванзивни респиратори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонскиот иселеник во Швајцарија по потекло од Прилеп Дејан Аџиоски во соработка со повеќе организации на Македонците и поединци во Швајцарија обезбедија 10 неинванзивни респиратори за болниците во повеќе градови во Македонија. Оваа прва пратка од 10 респиратори е дел од поголема донација на 40 вакви машини за поддршка на дишење за пациенти која беше обезбедена од страна на Македосната дијаспора во Швајцарија, пристигна пред велигденските празници во просториите на Црвен Крст во Делчево од каде ќе бидат распределени покрај за здравниот дом “Гоце Делчев” Делчево и во здравствените институции во Охрид, Велес, Струмица, Кавадарци, Кичево, Битола и Јасеново.

Во изјава за порталот Инфо компас Дејан Аџиоски соопшти дека пратката со респораторите од Швајцарија била пратена уште на први април оваа година, но поради проблеми со транспортот истата стигнала дури сега.

Донацијата на респираторите се реализира во соработка со Општинската Организација на Црвен Крст во Делчево при што откако ќе биде реализирана обука за користење на апаратите истите ќе бидат распределени на нивните дестинации.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Неинванзивните апарати за поддршка при дишење може да се користат за позитивни пациенти на Ковид-19 како и пациенти со остaнати васкуларни проблеми.

Во реализацијата на оваа донација се вклучија Добротворното друштво Ешалан- Македонија, Македонскиот национален Совет, Клубот Пирок, Клубот Пијанец Здружението на Македонските друштва како и повеќе поединци-приоадници на Македонската дијаспора во Швајцарија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace