На кружен тек во центарот на Лозово за кој што неодамна пишувавме на нашиот портал, денеска никна железно дрво од фарбани профили.
Ваквата појава во јавноста наиде на потсмев и чудење. Некои од жителите се изненадени што навидум толку бргу од асфалтот никнало дрво, но кога се приближат поблизу, просто со неверување ја примаат информацијата дека станува збор за железно дрво т.е. метална скулптура од профили.
Се поставува прашањето кој е автор на оваа дело на мртва природа и зошто е одбрана баш оваа техника на уметнички израз.
За Бошко Цветковски кој што е кандидат за градоначалник на општина Лозово овој кружен тек ја загрозува безбедноста на сообраќајот а металното дрво е предмет на потсмев кој што ја карактеризира општина Лозово како несериозна општина пред останатиот свет.
“Ова е таа “AliExpress” визија за “УРБАН”лик made by Aco Velkovski..
п. с. Станавме тема за потсмев на социјалните мрежи!! Толку е постот
“
-напиша на фејсбук Боко Цветковски во врска со оваа појава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи