БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во тек е изградба на нов локален пат за поврзување на селата Цера и Саса во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Македонска Каменица продолжува со изградбата на сообраќајна инфраструктура до секое населено место во општината. Во моментот се реализираат градежни работи со тешка градежна механизација за тампонирање и планирање на патот меѓу селата Цера и Саса во Македонска Каменица.

Градоначалничката Соња Стаменкова во своето соопштение упатено до јавноста што се однесува на овој проект информира дека со изградбата на овој патен правец сериозно ќе се подобрат условите за живот во секојдневието на граѓаните кои гравитираат кон овие две села во општината.

“Продолжуваме со реализација на капитални инфраструктурни проекти кои имаат големо значење за развојот на Општина Македонска Каменица и подобрувањето на условите за живот на граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во моментов се изведуваат активности за тампонирање на патот помеѓу селата Саса и Цера, како подготовка за негово асфалтирање. Со завршувањето на проектот, овие две населени места ќе бидат директно поврзани со современ асфалтен пат, со што значително ќе се подобри пристапноста, безбедноста и комуникацијата меѓу жителите.

Овој проект претставува уште еден чекор кон рамномерен локален развој и создавање подобри услови за живот во руралните средини. Истовремено, инвестицијата ќе придонесе за полесно секојдневно функционирање на граѓаните и подобра поврзаност на овој дел од општината.

Продолжуваме одговорно и посветено да работиме на проекти што носат долгорочни придобивки за граѓаните и обезбедуваат посигурна иднина за сите населени места во Општина Македонска Каменица.”

-напиша на социјалните мрежи Соња Стаменкова- Градоначалничка на Македонска Каменица

Креирано од:


Пренеси го гласот