БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во тек масовен поткуп на гласачи пред локалните избори со злоупотреба на јавни ресурси во партиски цели на СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од владеачката СДСМ на партиска говорница од седиштето на партијата на власт најавија дека ќе делат за граѓаните 15 милиони денари како бесплатни ваучери за летување за претстојната летувачка сезона.

Тоа би значело дека пари од Буџетот на Владата кои што се на сите граѓани на државата се злоупотребуваат за партиски цели (затоа што меѓу другото и од партиска говорница се најавува ваквата мерка) се со цел за да се дојде до глас повеќе на претстојните локални избори.

Со тоа се продлабочува јазот на партизираност на државата и јавните ресурси во интерес на една политичка партија (СДСМ) која што се обидува политички да профитира за следните избори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквата појава беше присутна и во текот на минатата година кога исто така беа делени ваучери на повеќе категории на граѓани, чија што материјална положба до која ги доведе истата оваа власт се злоупотребува во политички цели со пари на самите граѓани.

Ваквата пракса е грубо кршење на уставот и законите во Македонија, што се случува на очиглед и со одобрување на целокупниот меѓународен фактор во функција на владеењето на Зоран Заев и СДСМ.

Креирано од:


Пренеси го гласот