Извештаите на Центарот за јавно здравје во Кочани кој што ја контролира исправноста на водата за пиење во повеќе општини во источна Македонија покажуваат дека водата во девет села во општина Виница е загадена со зголемен број на колиформни бактерии како и присуство на ентеропатогената бактерија Псеудомонас аерогиноза.
Со тоа водата во водоводната мрежа не е исправна за пиење за жителите на овие села во виничко.
За ваквата неповолна состојба согласно овој извештај реагираа и од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница кои што ги обвинија локалните власти и Градоначалникот Ивица Димитров за нередовно хлорирање на водата во водоводната мрежа за овие села. Исто така опозицијата ја обвини локалната власт за неисполнетите ветувања на сегашните власти кои кога беа опозиција на прес конференции бараа веднаш решение на ваквите проблеми, додека сега покажуваат тотална негрижа за граѓаните.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ во врска со овој проблем упатена преку социјалните мрежи:
“
Во опозиција бараа веднаш да се обезбеди здрава вода за пиење.
За време на кампањата за локалните избори 2017 година ветуваа чиста вода за сите.
3 години подоцна го имаме најлошиот извештај за здравствената безбедност на водата (10 точка од дневниот ред) ![]()
https://www.opstinavinica.gov.mk/…/materijali-za-sovetnici
Водата во Лески, Липец, Лаки, Трсино, Трстија, Калиманци, Крушево, Драгобрашта, Пеклани не е исправна за пиење!
Според стручните мислења дадени во извештајот, за земените примероци на вода при крајот на месец август кај СИТЕ села има забелешки од НЕРЕДОВНО хлорирање.
Кај одредени села Лески, Трстија, Крушево и Калиманци состојбата со водата е дотолку лоша што освен за пиење, водата не смее да се користи ниту за спремање храна и лична хигиена и истата може да се користи само како технолошка вода!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево