Денеска на партиска прес конференција Игор Ефтимов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип упати повеже прашања до актуелниот Министер за транспорт и врски а до неодамна градоначалник на Штип Благој Бочварски кои се однесуваат на распишаниот тендер за изградба на брана на реката Отиња од странана Министерството.
Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот од прес конференцијата на Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ:
“Почитувани сограѓани,
Да не беше трагично, ќе беше комично. Три години се изнагледавме слики и се изнаслушавме лажни ветувања од поранешниот Градоначалник Бочварски. Денес, повторно без срам и на вообичаениот термин пред изборен циклус, ги манипулира штипјани и им ветува проект за кој е неизвесно дали ќе се реализира. За на штипската јавност да и стане појасно, го повикуваме неуспешниот градоначалник во министерска фотелја да објасни:
Како распиша тендер за изградба на брана на Отиња, кога се уште нема експропријација на земјиштето?
Зошто не Општина Штип, туку Министерство за транспорт и врски е носител на набавката за изградба на браната? Што се случи со средствата за браната кои требаше да легнат на сметката на Општина Штип?
Дали Бочварски, каде и да оди, со него си ги носи матните зделки и задкулисни игри?
Играта на фамилијата Бочварски е позната на постарите. Очигледно дојде време и помладите да видат како работи оваа фамилија со непопуларно име во градежниот сектор. “

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Кочани физички нападнал малолетни роднини во нивниот дом
GTA на винички начин: 65 годишник од Виница правел лом во сообраќајот
46 годишен жител на Пробиштип под дејство на алкохол физички го нападнал својот 43 годишен брат кој бил со нарешено телесно здравје