Дали сте подготвени за најрелаксирачкото искуство во вашиот живот? Тогаш овие воздушни модерни душеци се правиот избор за вас! Без разлика дали го користите во вашата градина, на плажа или на планина, воздушниот душек инстантно ви пружа решение за релаксација.
Кога бевме малечки деца, не можевме ниту едно одење на плажа да го замислиме без воздушен душек за вода. Тоа беа класични верзии на рамни и едноставни душеци, а доколку сме ги пронашле во некоја занимлива и несекојдневна боја или дезен бевме пресреќни.
Воздушни душеци во облик на крофна, пица , школка, лубеница, галеб и слично, во тие времиња беа незамисливи и секако, недостапни.
Но, времињата се променија. Овие денови е потешко да се пронајде класичен воздушен душек за вода отколку оној во несекојдневен облик. Минатото лето главна атракција помеѓу душеците беше фламингото, меѓутоа во модата ништо не трае засекогаш, па така ниту овој душек.
Оваа сезона хит може да бидат душеците во облици кои не само што овозможуваат максимална удобност додека уживате во мирните морски бранови, туку се и занимлив и секако впечатлив додаток за одење на плажа. Новитет се и најмалите душеци на надувување за вашите пијалоци. Ова лето слободно можете да се освежувате додека пливате, а вашиот пијалок да биде покрај вас. Погледнете:








СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера