Во саботата на автопатот Гевгелија – Неготино кај клучка за Демир Капија, патничко моторно возило „Мицубиши“ со германски национални ознаки излетало од коловозот. Возилото било управувано од 24-годишно лице со иницијали Џ.Н. од селото Арачиново-скопско, а со него превезувал 15 мигранти од Иран, Пакистан и Авганистан. Во незгодата нема повредени лица, а Џ.Н. и мигрантите биле приведени за понатамошна постапка.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Локален базар во Делчево: празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.
„Шате Керамика“ одбележа 31 година – од семејна приказна до бренд што обликува ентериери
dm и „Мама круг“ приредија Make-up & Glow Brunch – топло женско претпладне со кафе, нега и разговори