Поради градежни активности, во тек е времен режим на сообраќајот на дел од улиците „Цар Самоил“, „Гемиџии“ и „Тодосија Паунов“.
Времениот режим на сообраќајот за „Цар Самоил“ се однесува за потегот од крстосницата со улицата „14 Бригада“ до крстосницата со улицата „Гоце Делчев“.
За улицата „Гемиџии“, времен режим на сообраќајот има на потегот од улицата „Маршал Тито“ (кај Поштата) до спојот со улицата „Димитар Влахов“ (кај Стришани).
Времен режим на сообраќајот на улицата „Тодосија Паунов“ има од источниот влез во градот до кружниот тек кај Центарот за вработување.
Заради безбедно движење, се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација при градба и изградба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг