БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Врв на сантата мраз која како баласт стои на вратот на осиромашениот Македонски граѓанин

Пренеси го гласот

Македонската микро економија доживува свој чуден феномен.

Во услови кога расте минималната плата и просечната плата граѓаните стануваат се посиромашни и сиромашни…

За причините за ваквата состојба веројатно ќе треба да нарачаме скапо платени студии и анализи за на крај одговорот што ќе го добиеме повторно нема да биде конкретен и директен.

Во недостиг на суштинска дебата околу оваа тема помеѓу т.н. експерти за се и сешто алармот за класната поделеност во Република Македонија добива се повеќе и повеќе на интензитет.

Сиромаштијата покрај политичкиот предзнак на причинител има и своја географска и возрасна диференцијација.

Богатството во државата е ограничено на малкумина поединци додека бројот на оние кои живеат на раб на егзистенција е се поголем и поголем.

Т.н. средна класа се повеќе и повеќе тоне во долгови и пад на животниот стандард, додека политички елити и политички назначени функционери во државата преку ноќ стануваат нови олигарси и симбол на декаденција. Насочувањето на пари од Буџетот на граѓаните на Република Македонија кон поединци кои се дел од политичка структура е директен индикатор за корупција, која редовно завршува во правните лавиринти на клекнатото судство и обвинителство. Спиралата на корупција продолжува се до локацијата каде е тоа потребно за да биде создаден целосниот круг на злосторството против граѓаните.

За илустрација на ваквата состојба Пратеникот Антонио Милошоски сподели информации за износите со кои биле платени обвинителите од СЈО кое како да не се случило го снема од радарот на надлежните институции. Само парите коие беа исцицани од Буџетот на граѓаните ги нема.

За 4 години по основ на плата, спорни хонорари за доверливост, репрезентации, патни трошоци и дневници, обвинителите од СЈО добиле отприлика по:
Катица Јанева = 340.000€
Фатиме Фетаи = 285.000€
Гаврил Бубевски = 285.000€
Трајче Пеливанов = 270.000€
Артан Ајро = 270.000€
Лиле Стефанова = 270.000€
итн. итн.
Народот нека скенира фискални сметки!

-напиша на фејсбук Антонио Милошоски.

И ваквиот индикатор е само врв на сантата мраз која како баласт стои на вратот на осиромашениот Македонски граѓанин.

Ваквата состојба е проширена насекаде низ државата, а решението е речиси невозможно поради неукоста, неспособноста и дефектноста на системот за воспоставување на политички елити кои се далеку од очекувањата и потребите на граѓаните.

Креирано од:


Пренеси го гласот