Во отсуство на официјална државна дипломатска активност на Зоран Заев како премиер, министрите задолжени за надворешни работи и евроинтеграции со нивни европски колеги со кои што ќе разговараат за перспективите на МАкедонија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја превзема иницијативата за интензивна соработка со европските политички лидери од семејството на Европската Народна Партија за унапредување на интересите на Македонија на меѓународен план.
За таа цел Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски лично заедно со Потпретседателот Александар Николоски ќе имаат директни средби со повеќе европски лидери меѓу кои е и Виктор Орбан од Фидес од чии што партиски редови е и Оливер Вархеји кој што еврокомесарот за проширување на Европската Унија и клучен функционер на ЕУ‘ за евроинтеграциите на Македонија.
Потоа најавена е средба на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со словенечкиот премиер Јанез Јанша кој е исклучителен пријател на Македонија и под чие што раководство Словенија ќе го превземе претседателствувањето со Европската комисија во претстојниот период кој што е важен за евроинтеграциите на Македонија.
Најавена е исто така и средба со хрватското политичко раководство од ХДЗ од каде исто така се очекува голема поддршка за перспективите на Македонија во ЕУ.
Покрај европските перспективи на Македонија на средбите е најавено дека ќе се разговара и за можна економска соработка и инвестиции во Република Македонија, како и продлабочување на регионалната соработка меѓу сестринските партии.