БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За честа, достоинството и моралот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Комисијата за заразни болести, после она што се случуваше пред неколку денови во собранието, нема никаков легитимитет да дава мерки за граѓаните.

Илјадници луѓе не присуствуваа на погреб на своите блиски роднини, пријатели, познаници, затоа што се трудеа и во најтешките моменти да бидат фер и да не го загрозуваат туѓото здравје и човечки животи.

Им се измо*аа на коските на починатите  и на оние што минути живот ги делат по болниците.
Им се измо*аа на сите медицински лица, кои со месеци не се прибрале дома за да спасуваат човечки животи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од Парламентот направија циркус, а од народот направија  публика која треба да ракоплеска.
Но, народот има и опција доколку не е задоволен, да фрла патлиџани и јајца по актерите во најблага варијанта, или пак плочки бетон во најтврда.
Затоа што се работи за чест и достоинство, трпението на граѓаните е прегазено како пикавец од нервозен средношколец, на кој му се заканува губење година поради многу единици.

А владата пак, е приказна сама за себе.
На ваквото владеење и Чарлс III би завидел.
Дури и еден Кромвел ќе беше стрпан во затвор, само затоа што ќе му намонтираа политички случај.

И додека не може да помине ден без скандали, владата сеуште на мускули со сила го турка нејзиното погазување на граѓаните.
Но, ќе видиме до кога..
Химната на Република Македонија, како да  ја пишувал некој сега, во овие тешки времиња, поттикнат од изгревањето на новото Сонце на слободата!
Сонцето ќе изгрее, ќе дојде денот кога сите неправди ќе завршат.
Кога виновните ќе одговараат за злосторството против обичниот граѓанин, кој напатен, поттиснат, угнетен, се моли за подобро утре.
Ќе дојде денот кога оние што гнијат по затвори неправедно затворени, ќе излезат и ќе појдат кај своите најблиски.

Во име на честа, достоинството и моралот, им го должиме на оние што не напуштија прерано, правото да почиваат во мир.
Сите тие се наши блиски, наши сограѓани.
Сите ние, како едно, имаме обврска да го кренеме гласот против узурпацијата на слободата!

Пишува: Мартин Ристевски – политиколог 

Креирано од:


Пренеси го гласот