БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За денот на општина Неготино ќе се одржи планинарски марш до Делчев врв

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

СПД НЕГОТИНО во соработка со општина Неготино и ЗГ „БЕЛА ВОДА“ Неготино, во деновите 10 и 11 Ноември 2018 година во чест на празникот на општина Неготино ќе го организираат традиционалниот меѓународен планинарски осмоноемвриски марш на релација с.Калањево-„Св.Петка“ месност „Бела вода“-с.Бистренци.

ПРОГРАМА

10.11.2018 (прв ден) – Прием на гостите од 12-18 часот. За гостите што ќе пристигнат ноќевањето е организирано во манастир „Св. Ѓорѓи“ Неготино по цена од 400 денари за ноќевање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

11.11.2018 (втор ден) Тргнување со организиран превоз, собирно место 11-катница во Неготино во 07:30 часот, пристигнување во с.Калањево во 08:40 часот, подготовки за маршот и старт во 09:00 часот. Патеката е средно лесна и е лесна за совладување. Се искачува до црква „Св.Петка“ каде има обезбедено топол чај и греана ракија, па се искачува Делчев врв (980 мнв), се продолжува по изохипса на рамен терен до подножјето на врвот Караѓоз, по што се спушта кон с.Бистренци до селската црква, каде што е организиран ручекот за планинарите.

Патеката се изодува за 5-6 часа.

Учеството на сите планинари е на сопствена одговорност.
Пријавување на број: 076/652-989 Орданче Бошев и 075/523-971 Никола Јованов-Фини

Креирано од:


Пренеси го гласот