БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За СДСМ Премиерот Мицкоски требало да одговара за епидемијата во Гостивар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со свое соопштени опозициската СДСМ го обвинва премиерот Мицкоски и Министерот за здравсктво Клековски за случајот со здравствената криза во Гостивар.

“Мицкоски вели дека локалната власт во Гостивар треба да поднесе морална одговорност за труењето.

Ова е уште еден обид за бегство од одговорност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој.

Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето во Гостивар од толку голем обем.

Информацијата за труењето и загаденоста на водата се криеше 5 дена, системот, надлежните институции не реагираа навреме.

Но, ова не е само случај на лошо управување. Ова е дел од пошироката слика – отсуство на реформи во секоја област, особено во правосудството и целосна контрола врз институциите.

Затоа и нема реформи. Затоа што Мицкоски не сака независно судство и обвинителство.

Затоа што сака да може преку собраниска говорница, медиуми и телефон да нарача политички пресметки.

Затоа Европската унија враќа закони, а Европската комисија во извештаите ја опишува катастрофалната состојба во судството и обвинителството.

Затоа Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност.

Затоа што добро знае дека ако се отвори прашањето за кривична одговорност, прв на ред ќе биде тој, а потоа и целата негова Влада заедно со партнерите од тендер-коалицијата.

Сите тие знаат каде завршуваат – во Шутка и Идризово.”

-стои во сооштението упатено до јавноста од страна на СДСМ

Креирано од:


Пренеси го гласот