Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски во јавноста упати отворено писмо до Претседателот на СДСМ Зоран Заев кој во свое писмо до јавноста ги нарече зло сите кои што не гласале за кандидатите на СДСМ на изборите во недела:
“Кога тие ќе удираат ниско, ние ќе одиме високо”.
Гледам дека Зоран Заев се обраќа во некакво писмо до неговото членство во кое бара мобилизација, оцрнува дека сите кои не биле за него биле зло, и дека тој бил циклусот на промени.
Нема да навлегувам во неговите квалификации и во потребата да се обраќа со писмо до членството и граѓаните, што само ја нагласува нервозата во неговите редови и фактот дека борбата за гласови, единствено ја перцепира како борба за привилегии, моќ и политичко преживување, како и неговата состојба на раздразнат човек кој е свесен дека го губи тлото под нозете и знае дека деновите во политиката му се одбројуваат.
Како генерален секретар на партијата се чувствувам должен да одговорам на неколку негови тези.
Тоа што над 400 000 илјади граѓани не гласаа за Зоран Заев на овие избори, како и оние кои не гласаа, не значи дека се зло, како што ги нарекува актуелниот премиер, туку единствено значи дека исклучително се незадоволни од начинот на кој што неговата влада ја води државата, празните џебови на народот и неисполнетите ветувања. Да ги наречеш зло сите што не гласале за СДСМ е одлика на човек и поединци кои се бескрупулозни во намерата да ја задржат фотелјата кон која се однесуваат дека природно им припаѓа и целосно отсутни од реалноста. Функциите не се наследно право, туку обврска дадена од граѓаните кон која мора да се пристапува одговорно и со должна почит.
ВМРО-ДПМНЕ има над 55 илјади гласови повеќе од СДСМ на овие избори, и повеќе победи на градоначалници на општини во прв круг од СДСМ, било да е во градот Скопје или другите општини надвор од државата. Заев велеше дека се обраќа на народот во исто време кога заглавен во минатото имаше монолози, повторно наметнуваше неосновани стравови, клевети. Епа сега со овој резултат народот му се обрати на Заев и вика доста е! Доста е од таа ароганција, од неодговорност, од криминал и корупција. Претеравте.
Прогресот на СДСМ е назадување за Македонија, затоа што тој прогрес единствено и значи прогрес во тендерите кои ги местат, во инфлацијата која се зголемува, во привилегиите што самите си ги приграбуваат. Заев вели дека ја научил лекцијата, така велеше и кога беше тесно во првиот круг од претседателските избори, така велеше кога едвај победи на парламентарните избори така велеше и кога му дадоа метла и ништо не измете. Така вели сега и кога знае дека губи, затоа што е уплашен поради губењето на власта. Тоа за него ќе значи одговорност, а за Македонија промени и чекор поблиску до новата иднина.”
-напиша Ѓорѓија Сајкоски во неговото отворено писмо до Зоран Заев
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Љутков: Развојот на туризмот е еден од нашите главни приоритети
И денеска Мицкоски имаше свое обраќање на Минхенската безбедносна конференција
Најава за консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа