БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Првата средба во општина Берово после изборите на Ѕвонко Пекевски од СДСМ е со Горан Алачки кандидатот за градоначалник на Интегра

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на партијата “Интегра” познатиот музичар Горан Алачки кој што ги загуби изборите како третопласиран во првиот круг од Локалните избори кои што се одржаа во недела, оствари средба со кандидатот на СДСМ кој што победи во првиот круг -старо-новиот градоначалник Звонко Пекевски.

Дали ваквата средба значи интензивирање на соработката меѓу СДСМ и Интегра на локално ниво во Берово во иднина останува да видиме.

Кандидатот за градоначалник на политичката партија Интегра освои 145 гласови на изборите во недела со што е трето пласиран зад кандидатот на СДСМ Пекевски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Елеоноро Рашковска.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пекевски за првата официјална средба како новоизбран градоначалник со кандидатот на Интегра соопшти:

“Денес првото утринско кафе го имав со Горан Алачки, еден од кандидатите за градоначалници.

Ја имав честа да поразговараме околу програмата и развојот на Берово во следниот период посебно во туризмот и културата каде Горан има огромно искуство.

Се договоривме да ја искористиме неговата креативна енергија и често да се среќаваме и секогаш кога ќе се роди убава креативна идеја која ќе го промовира Берово на туристички и културен план да ја разработиме и да ја реализираме.

Се сложивме дека Берово тргна напред и нема враќање назад и ветив дека тоа ќе ни биде мисла водилка и во следниот мандат.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace