Захариев вети дека околу 400 семејства кои живеат во овие викенд зони во наредните години ќе добијат водоводна и канализациска мрежа.
– Ќе ги асфалтираме сите улици и тоа во Сутлакот во правец кон Струмина чешма, потоа централната улица во Сутлакот, која е веќе ставена и поставена канализација. Проектот е веќе направен ревидиран, наскоро на оваа улица и ќе почне асфалтирањето и целиот оној дел кон Липовдол, каде имаме голем број убави објекти, бидејќи нашиот град веќе се шири во тој правец, поддршката од општината треба да биде искрена и коректна, вели Захариев.
Тој вети дека и околу 100 куќи во викенд населбата Плуждино ќе добијат водоводна и канализациска мрежа и ќе се асфалтираат и улиците.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција