БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Закани со пиштоли од активисти на СДСМ: „Ако гласаш за ВМРО-ДПМНЕ, животот ти е во опасност“-Видео

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Криминални структури кои одрботувале за СДСМ им се заканувале на граѓани низ целата држава, а последен пример кој ги потресе граѓаните е сведоштвото на брачниот пар Јананови од Демир Капија на кои активисти на СДСМ и познати криминалци од регионот поради тоа што кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ бил кај нив дома на кафе им се заканувале со пиштоли дека сите ќе ги стрелаат.Во овој град, како и во речиси сите останати, тактиката на СДСМ била да се следи кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во секој момент, да се забележи во кои куќи прави посети, односно кои гласачи ги смета за свои потенцијални, па веднаш после него во истите куќи/домови да влезат криминалните банди на СДСМ и да вршат притисок, да се закануваат и да ги плашат граѓаните дека ако гласаат за ВМРО-ДПМНЕ може животот да им виси на конец.

Покрај ваквите директни закани во домовите на граѓаните кои претходно се посетени од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, речиси до сите вработени во администрацијата за кои од СДСМ процениле дека се потенцијални гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, се упатувани закани на најразлични начини. Па така, на вработените во патарините со договор на дело кој истекува на 31.12.2017 им било кажано дека ако излезат воопшто на гласање, договорот нема да им биде продолжен. Вработени од РЕК Битола сведочат дека биле изненадно деградирани за неколку работни позиции на кои платата им е пониска за 10.000 денари со закана дека ако се појават на гласање, ќе останат на деградираните позиции. Вакви примери се бројни и доаѓаат од целата држава.

Овие притисоци на СДСМ вродија со плод бидејќи многу граѓани кои се гласачи на ВМРО-ДПМНЕ беа предмет на вакви закани и притисоци, за кои се дозна по првиот круг. Голем дел од граѓаните не прозбореа порано поради стравот, како што велат, од физичка ликвидација во состојба кога сите институции на системот работат во служба на изборниот криминал на СДСМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Доказ за комплетната подреденост на полициските сили кон планот за изборен криминал на СДСМ е тоа што ни после вакви сведоштва никој не презема никакви мерки на заштита на граѓаните и кривична одговорност за нарачателите на ваквиот терор. Дополнително, ДИК под контрола на СДСМ го легализираше теророт отфрлајќи ги сите приговори на ВМРО-ДПМНЕ за ваквите еклатантни кршења на човековите права и законите во Република Македонија.

И покрај сето ова, информациите од терен велат дека СДСМ не запира со ваквиот начин на делување, туку напротив, уште пожестоко се заканува во пресрет на гласањето во недела

https://www.facebook.com/makedonijadenes/videos/939874489499166/

Извор: Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace