– Активностите на НАТО поврзани со развојот на подофицерскиот кор, кој е еден од главните столбови во изведување на воената обука и овозможува поефикасно функционирање на командувањето, била темата на разговор на денешната средба меѓу главниот подофицер на Сојузничката Команда за операции во Врховниот Штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE), главен наредник Давор Пете и главниот подофицер на АРМ, главен наредник Свето Цветковски.
Како што информираат од АРМ, Пете, кој е во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија ќе се запознае со организацијата и функционирањето на подофицерскиот кор на АРМ, а соговорниците ќе разменат искуства и ќе се разгледува можноста за унапредување на соработката во делот на развојот на подофицерскиот кор.
Согласно програмата, во текот на денешниот и утрешниот ден предвидено е посета на капацитетите за обука со кои АРМ располага во Командата за обука и доктрини, Воено-Медицинскиот Центар и Полкот за специјални операции каде ќе бидат извршени презентации и методско показни вежби.
За време на престојот во Генералштабот, главниот наредник, Петек остварил средба и со началникот на ГШ на АРМ , генерал-потполковник Методија Величковски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист