Денеска (13.05.2025) заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со турскиот амбасадор, Н.Е. Фатих Улусој, придружуван од неговите советници за внатрешни работи. На средбата соговорниците се согласија дека двете земји негуваат одлични пријателски односи и соработка.
Амбасадорот Улусој искажа благодарност за досегашната соработка помеѓу двете земји, а особено се заблагодари на поддршката и соработката со Министерството за внатрешни работи.
Заменик министерот Исени се заблагодари на поддршката и помошта која Република Турција и ја дава на Република Северна Македонија, оценувајќи ја соработката како исклучително пријателска. Тој ги презентираше предизвиците со кои се соочува МВР, нагласувајќи дека принципот на професионалност и воспоставување на еднакви можности за сите во МВР мора да се почитува.
На средбата беше потврдено дека Турција е еден од нашите најблиски партнери, како и важен сојузник во НАТО, а взаемниот долгогодишен пријателски и партнерски однос е надополнет со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка на која двете држави остануваат посветени.
Заменик министерот Исени и амбасадорот Улусој се согласија дека од интерес на двете земји е соработката да продолжи и во иднина и таа да биде продлабочена.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина