Брачен пар од Пробиштип кои работеле како стоматолози, заминале во Бугарија со своите деца, за таму да работат, но им се случил хорор.
Тие заминале да работат како заболекари во Ново Делчево крај Сандански, но ординацијата им е запалена во смислен напад со запаллива течност, а се сомневаат на конкуренција – пишуваат бугарските новини.
Стоматолозите оделе да работат во петок, сабота и недела, додека пак за преноќување заминувале во Сандански. Така работеле четири години, се додека не им фрлиле низ прозорец запалива течност, а штетата е околу 10.000 евра.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист