Младиот Кристијан Васев од Делчево покажува дека со многу труд, љубов и работа може да се постигнат високи подвизи.
Неговата љубов кон музиката уште од најмала детска возраст, заедно со неговиот секојдневен труд го сврстуваат овој млад делчевец во редот на препознатливите таленти но и уметници.

Тој постигна успех достоен за респект од сите, со кој го освои првото место на 6-от Меѓународен пијано натпревар кој се одржа во Смедерево, во соседна Србија.
Кристијан Васев е ученик во Средното музичкото училиште во Штип и е еден од најдобрите во својата генерација што се потврди со освоената награда во Смедерево.

Пред Кристијан сигурно стојат уште по убави предизвици и подвизи за кои несомнено ќе ни биде задоволство во иднина да пишуваме на сесрдна радост на сите граѓани на Делчево и регионот покрај Брегалница.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип