За сите млади Делчевчани до 16 години кои живеат во странство, но и нивните другар/ки во Делчево започна со работа Летната школа по Македонистика во Делчево.
Прекрасна можност за дружење, размена на искуства и пред се збогатување на знаењата за Граматиката на Македонскиот литературен јазик, значајните автори на Македонското литературно дело, културните и останатите обележја на регионот Пијанец-Малеш и други теми од интерес на нашите посетители.
Терминот е 10.00 часот секој работен ден во Центарот за странски јазици Мастер во Делчево а пријавите за посета на часовите се во тек….
Понесете дел од своето родно место- место од кое потекнувате со себе, со причина повторно и повторно да се вратите…
Делчево ќе остане Ваш дом каде и да сте во светот…

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Претстои реконструкција на игралиштата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Полскиот амбасадор во посета на Општа болница Кочани
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип