Долга три метри (од врвот до опашката) индиската џиновска верверица Малабар е позната по уникатниот изглед.
Фотографот Каушик Вијајан сними зачудувачки фотографии од егзотичната верверица, каде нејзиното крзнено палто содржи портокалови,зелени,бели, сини и виолетови нијанси и во вистинско светло, изгледаат како целиот спектар на бои да е содржан на нејзиниот грб.
Џиновската верверица е друштвена и симпатична но никој не знае зошто овие џиновски верверички се развиле во толку светли бои како што се. Крзното на ова животно ги предизвикува предаторите полесно да ги забележуваат суштествата наместо да ги камуфлираат.
Обично се сами и најчесто излегуваат наутро и навечер. Кога се исплашени, најчесто од предатори, се здрвуваат и легнуваат на гранка надевајќи се дека нема да бидат забележани. Можат да скокаат од едно на друго место и скокот им е околу 600 центиметри.
Ако им оставите храна, можно е да ви се доближат доволно за да ги фотографирате.
Сепак, биологот за зачувување на животинскиот свет, Џонсон Копровски изјавува дека виолетовите обрасци веројатно делуваат како маска за најразлични видови животни.
Широколисните шуми што ги населуваат овие верверички создаваат „мозаик на сонцето, како и темни, засенчени нијанси на области“ – слични на обележувањата на вервериците.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Ова е најсмртоносниот ураган во светската историја со 22000 несреќни души загинати
Неверојатни вистински приказни за преживување на Арктикот