Со дефиле низ улиците на градот и со целовечерен гала концерт на учесниците во Виница заврши 32 издание на Меѓународниот фестивал “Истибањско здраво-живо“. На фестивалот учествуваа над 500 фолклористи од 7 земји од Европа и 6 фолклорни групи иансамбли од Македонија.На завршниот концерт кој се одржа на градскиот плоштад во Виница синоќа, присутните ги поздрави и им се заблагодари градоначалникот Емил Дончев. -Драги наши гости од Турција, Романија, Бугарија, Словачка, Србија, Црна Гора, почитувани наши гости од неколку града во Р.Македонија, почитуван директор на манифестацијата, драги пријатели, чест и задовослтво ми е да ве поздравам и да ви заблагодарам што со своето учество допринесовте и оваа година фестивалот да блесне во својот препознатлив сјај кој години наназад му дава белег на фестивалот како една од најуспешните и најорганизираните културни манифестации во Виница, рече градоначалникот на виница Емил Дончев кој ја затвори манифестацијата..

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа