Општина Пехчево во соработка со Црвен крст денес донираа за семејството Митринови Денес градоначалникот Поповски заедно со претставници на Црвен крст од Скопје го посети семејството Митринови. Ова семејство пред неколку дена настрада од пожар при што останаа без својот дом. Градоначалникот Поповски денес истакна дека на двете семејства ќе им додели еднократна парична помош, додека претставниците на Црвениот крст донираа душеци, кујнски сетови, детски работи, облека, чебиња, храна и др. Инаку, средствата што беа донирани од хуманитарната акција која ја организираше општината беа уплатени денес на двете жиро сметки кои ни беа доставени од страна на семејствата


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа