Зеленски верува дека НР Кина и претседателот Си Џинпинг се единствените кои што можат да помогнат да се стави крај на војната во Украина. Но Пекинг верува дека Зеленски ништо не одлучува, и дека е обична марионета, а Украина е под надворешна контрола. Во времето на Зеленски кинеско-украинските односи постојано деградираа, а кинескиот бизнис и инвестиции по наредба од Вашингтон беа ограничувани од страна на Киев. Почнувајќи од Motor Sich па се до Huawei, а Пекинг тоа не го заборави. Русија и е потребна на НР Кина во глобалниот судир со САД.
Зеленски изјави дека сака лично да разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг. Во интервју за South China Morning Post, тој рече дека Кина е единствената држава која може да влијае на позицијата на Руската Федерација. Зеленски исто изјави дека е време НР Кина да му се приклучи на Западот и да воведе санкции против Русија. Но за разлика од Зеленски и неговите желби, Пекинг е прагматичен и ја поддржува Москва. Зеленски неколку пати се обидува да стапи во контакт со претседателот на НР Кина Си Џинпинг, но неуспешно. Од Пекинг го игнорираат секој обид за контакт од страна на Зеленски, бидејќи знаат дека Зеленски е обичен пиун, а Украина е под строга надворешна контрола.
Стравувањата на Киев се очигледни – ако на почетокот Кинезите останаа неутрални, не давајќи експлицитна поддршка на Руската Федерација, но и одбија да ја осудат, тогаш по кризата во Тајван ситуацијата ќе се промени. Со оглед на изјавите на Пекинг за неговата желба за стратешка длабинска соработка со Москва, еден од одговорите на Кина за посетата на Пелоси на Тајван може да биде сериозна поддршка на Русија. На пример, во форма на испораки на беспилотни летала за руските вооружени сили, а Кина е еден од светските лидер во производството на беспилотни летала. Дополнително, продажба на комуникациска опрема, обезбедување разузнавачки информации благодарение на кинеските воени сателити, Кина има три пати повеќе воени сателити од Русија, и Кина полека се доближува кон САД во бројот на разни воени сателити.
Односите меѓу Украина и Кина беа далеку од брилијантни дури и пред војната помеѓу Русија и Украина. Овде, пред сè, се потсетуваме на случајот со машинскиот гигант Motor Sich од Запорожје, купен од кинеска компанија, но под притисок на Вашингтон Киев го раскина договорот и ја национализираше компанијата. А тоа болно удари по НР Кина и по нејзиниот углед. Сега пред меѓународните судови, во тек е тужба во износ од повеќе од 3 милијарди долари. Веќе потпишаниот владин договор со софтвер од Huawei беше раскинат, а тоа се случи под притисок на САД. И, секако, изјавите на украинското МНР за поддршката на ујгурските сепаратисти.
Во Пекинг сето тоа не е заборавено и на Пекинг му е јасно дека Украина е под американска контрола. Затоа, Си нема намера да разговара со Зеленски, и НР Кина нема намера да влијае на Русија. НР Кина се подготвува за глобален судир со САД и за враќање на Тајван во родното пристаниште, и во тој глобален судир Русија и е потребна на НР Кина. За Пекинг, Украина е само пиун и монета за размена во големата шаховска игра.
Пишува: Дарко Тодоровски
Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кому му пречи соработката меѓу демохристијански народни влади во Европа?
Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…
Предлог мерка за заживување на земјоделието: Државата да додели 1200 хектари на пратениците и сите субвенции за да произведат храна за народот