БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Жителите на Кочани во очекување на пораките на Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова од вечерашниот митинг

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки и Миле Лефков претпладне денес беа помеѓу кочанчани на пазарчето во Кочани каде ја споделија убавата вест: Вечер во Кочани доаѓа идната претседателка за Горда Македонија, Професорката Гордана Силјановска Давкова. Таа со почеток во 20.00 часот ќе одржи свој митинг во паркот на револуцијата во Кочани каде што заедно со дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе упатат громогласни пораки кои што се од особено значење за жителите на Кочани како и сите Македонци каде и да се наоѓаат.

Помеѓу граѓаните на Кочани Ковачки и Лефков ги афирмираа проектите кои што се наоѓаат во програмата “Платформа 1198” на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” кои што се однесуваат за кочанчани и поширокиот регион со што ќе започне трансформацијата на Македонија кон подобро утре за сите граѓани.

“Посета на пазарчето во Кочани заедно со Миле Лефлов.
Луѓето се желни за промени, за повторно да ја кренат гордо главата! Нашата програма е со 1198 проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Гордо за Македонија! 🇲🇰“

-напиша на социјалните мрежи Драган Ковачки во врска со оваа посета на пазарчето во Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот