Преку социјалните мрежи се обрати поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој што е вклучен во кампањата за агитирање помеѓу граѓаните за повторен избор на Стево Пендаровски за Претседател на “нашата” државата.
Она што Оливер Спасовски го напиша на социјалните мрежи во рамки на оваа кампања е следно:
“Одлично поминат ден заедно со граѓаните од Ѓорче Петров, завршуваме како што почнавме – ведри лица, сплотени и сигурни во двојна победа на 8 мај!
За нашиот претседател Стево и за европската иднина!
За просечна плата од 1.100 евра!
За минимална плата од 600 евра!
За европски животен стандард во Македонија!”
-напиша Оливер Спасовски на социјалните мрежи.
Притоа во неговата објава забележливо е отсуството на спомнување на 24 април и каков исход од тој изборен ден од првиот круг на претседателски избори очекува тој и СДСМ како и Стево Пендаровски.
Е сега бидејки е тек на кампања за претседателски избори, редно е и да објасни Оливер Спасовски како и на кој начин Стево Пендаровски ќе донесе 1100 евра просечна плата о минимална плата од 600 евра? Кои се неговите ингеренции во ова предизборно ветување на Оливер Спасовски? Особено поради фактот што Стево Пендаровски не се прослави многу во изминатите 5 години од неговиот мандат со било какви политики и мерки со кои што го подобри животот на граѓаните. Баш напротив истиот тој Стево Пендаровски народот го квалификуваше како “Стока” но и свесно плукаше во лицето на сите граѓани во државата со изјавата дека и тој ќе си заминел од Македонија ако не бил претседател.
Дали Стево навистина ќе си замине од државата ако не е претседател редно е граѓаните да му ја укажат таа можност за да до крај се покаже неговото лице во јавност.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене