“Идиот со план може да победи генијалец без план!”
Сите ние сме креатори на нашата “судбина”. Од нас зависи во каква реалност ќе живееме.
Ако седиме дома и “цмиздриме” за сите лоши работи кои ни се случуваат, ништо не сме направиле.
Проактивност треба, но и иницијатива и подготвеност за промени!
За да се променат работите на подобро, потребна е победничка решителност, потребна е страст за победа, потребен е победнички менталитет.
Победнички менталитет не може да имаат луѓе на заминување, што и се гледа на лицата на секој еден активист на владеачката СДС. Повеќе од очигледно е дека оние кои го продаваа името во парламентот на 27 април 2017 година сега во 2024 година ќе имаат полни раце работа во собирање на сите незадоволни поединци од политиките на СДСМ за подоцна во некоја наредна фаза повторно да ги залепат за СДСМ. Да! Мислам на Максим Димитриевски.
Многумина изморени ликови од редовите на власта од поодамна го гледаат бродот кој тоне и како искусни ајкули препливаа во победничкиот табор. Со целото нивно политичко кредо и бреме кои ги носат со себе изминатите години, тие се добредојдени во духот на обединувањето за подобра иднина на сите знаејки го нивното заслужено место во хиерархијата на идната власт во Државата. И како такви тие можат само да додадат вредност на победата. Да мислам на братот Љубе кој стана едно време сестра па сега се калеми пак да биде брат. И на Стојанче кој како Стојанка агитираше за Северна и праваше коалиција со оние кои го пукаа во 2001 па сега се продава како некаков експерт…. И на Павле Трајанов кој како никој друг политичар во државата знае да ја намириса идната идната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Знаејки ги принципиелните определби на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за целосна трансформација на државата и државноста во функција за остварување на подобар живот за сите луѓе кои живеат под ова парче Македонско небо, убеден сум дека и Љубе и Стојанче и Павле ќе си го добијат заслуженото место во идната власт на ниво на нивните досегашни заслуги.
Уделот на Левица во актуелното политичко опкружување ќе го оставам настрана како ирелевантен, ретрограден и неразумен. Како поинаку да го третирам политичкото милје кое се бори за власт а не сака да дојде на власт? Сеирџиските политики на оваа партија на заблудените кои велат дека се ова што постои треба да се урне со некаква си револуција (која никој жив не знае што може да донесе) и да се изгради систем како оној од пред 30-40-50 години: диктаторски, режимски, едноумен каде секое различно мислење од она на диктаторот се казнувало со прогон и смрт!
Вистинската победа за промени ќе ја донесат луѓето што стојат секогаш на браникот на вредностите за кои се залагаат во континуитет. А тоа е вредност на НАРОДНА Македонија, Македонија на народот, со развиени народни институции во сите сектори на државата од Влада до општинска власт и месни заедници. Тоа се луѓето кои не седат дома, па и кога седат размислуваат како да си го подобрат животот за себе, но и за општеството во целина. Затоа што кога маалото, градот, општината, регионот и државата ќе бидат развиени, токаш и поединецот ќе биде насмеан и задоволен. Ќе победат луѓето кои постојано се борат, кои постојано создаваат авангардна мисла, кои имаат визија за подобро, кои можат да ги предвидуваат настаните со нивна модерираност и креација.
Секој Македонец е обдарен со таа искра за борба, за промени за подобро, за совршенство и слобода.
Во минатите неколку години таа искра и таа желба за промени беа системски супресирани. Веројатно многумина ќе речат: Ние сме мали, ништо не зависи од нас, кој нас не прашува, во Македонија владеат странски многу посилни интереси и политики. Но не е така! Зошто инаку овие странци трошеа многу пари во изминатите години за да влијаат на јавната свест на секој еден човек во државата преку влијание на колективната свест со разно разни пропагандни алатки?
И тоа како зависат работите од секој од нас! Еден човек (било кој) има можност да се здружи со било кој друг човек за остварување на нивна заедничка цел.
А наша општа заедничка цел е Македонија да биде развиена, напредна и просперитетна. Не територија без народ, Туку обратно народ со територија, каде од памтивек живеел и во иднина и понатаму ќе опстојува.
Македонија е наш заеднички идеал. За да опстои наш влог во иднината се изборите на 24 Мај а потоа и на 8 Мај.
Тогаш сите Македонци јасно и гласно треба да кажеме пред лицето на светот во каква Македонија сакаме да живееме?
Дали во сервилна, понижена, исмевана, распродавана или во ГОРДА МАКЕДОНИЈА?
Ова е избор при кој не смее никој да остане без избор! Зошто други ќе изберат за оние пасивните, зачмаените и игнорантите…


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст