Градоначалникот на општина Шти Иван Јорданов преку социјалните мрежи ја информираше јавноста за исградбата на новата водоводна мрежа во населбата Каваклија во Штип.
Станува збор за изградба на нова водоводна инсталација во должина од 2600 метри со што ќе се реша децениските проблеми на жителите од овој дел од градот.
“Ветивме водоводна мрежа во местото наречено Каваклија, која од денес веќе се реализира. Со проектот ќе изградиме водоводна линија со должина од 2.600 метри, а со тоа ќе ги решиме долгогодишните и секојдневни предизвици на жителите во овој дел од градот.Нашите заложби ќе ги насочиме кон решавање на најголемите проблеми, во најзасегнатите населби во Штип, затоа што сите граѓани заслужуваат основни услови за достоинствен живот!”
-соопшти Иван Јорданов- Градоначалник на општина Штип.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември