БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Жителите на село Град преку својата Месна заедница ги изгласаа своите приоритети за реализација за наредната 2026 година од страна на Градоначалникот Гоцевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во сабота, 08.11.2025 година Советот на Месната заедница на село Град одржа јавна конференција на која беа избрани приоритетните проекти за реализација од страна на градоначалникот и ЕЛС Делчево за наредната 2026 година.

Во присуство на Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски кој што беше поканет од страна на Претседателот на Месната Заедница Даниел Димитровски членовите на Месната заедница продискутираа за повеќе прашања и потреби кои што се неопходни за подобар живот на сите жители на селото Град.

Пред присутните се обрати и Градоначалникот Гоцевски кој го истакна задоволството што на вака организиран и демократски начин жителите на селото Град се борат за остварување на своите барања во рамки на инститициите на локалната самоуправа. Градоначалникот Гоцевски проговори и за финансиската рамка со која работи општина Длечево која не е во добра состојба, но ја истакна мжноста за соработка на ЕЛС Делчево со владините фондови и агенции за финансирањето на предложените проекти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Импресионира енергијата и желбата за соработка на Месната заедница во село Град со мене како градоначалник, во интерес на сите жители на ова наше село.

Вечерва на покана на Претседателот на Советот на МЗ с. Град имавме инспиративен работен состанок на кој имаше и претставник од иселениците кои што потекнуваат од ова село.

Од моја страна беше потенцирана решеноста да воспоставиме максимално ефективна соработка во рамки на можностите на општината за реализација на приоритетните проекти кои ќе обезбедат подобар живот за жителите на селото Град.

Во рамки на состанокот беа продискутирани повеќе идеи и предлози на присутните, по што се конституираше приоритетна листа од 11 приоритети од кои најважни се изградбата на улици во селото, решавањето на проблемите со водоснабдувањето, создавање на услови за развој на Археолошкиот локалитет “Градиште”, решавање на проблемот со отпадот, подобрување на уличното осветлување итн.

Како убав пример за поддршка на иселениците од странство за своето родно село, можам да кажам дека жителите на село Град веќе имаат воспоставено убава пракса која што заслужува да биде пресликана и во други села.

Сите поднесени предлози очекувам да бидат вклучени и разгледувани во претстојните Буџетски форуми кои што ги реализираме во рамки на нашата определба за јавно и транспарентно креирање на реален граѓански Буџет за наредната 2026 година од страна на Општина Делчево.

#ПроектиЗаГраѓаните#Инфраструктура#ВодаДоСекојДом#СелоГрад#МеснаЗаедница

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски Градоначалник на Делчево.

Во текот на наредната недела Градоначалникот и Општинската администрација ќе ги реализираат годишните Буџетски форуми на кои што ќе бидат предложени проекти од сите Урбани и Месни заедници во општина Длечево, по што ќе се премина на фаза на буџетирање на истите и подготовка на техничка документација.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace