Денеска Преиерот на Македонската влада Христијан Мицкоски освари значајна и плодотворна средба со Унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Денеска во Будимпешта остварив значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните.
Унгарија е наш искрен и докажан партнер, а заедничките вредности, меѓусебната почит и силната соработка се темел на нашето стратешко партнерство.
Во време на предизвици, силните пријателства и јасната визија се клучни за стабилност и развој. Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели.
-напиша на социјалните мрежи во врска со оваа средба Македонскиот премиер Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Битола во знакот на мајчинството: dm и „Матрона“ ги собраа идните родители на едукативна средба со стручни лица
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност
Приведена 28 годишна жителка на Крива Паланка поради спречување на вработени во АХВ при заловување на крупен добиток