Факт е дека лимонот носи бројни бенефити за организмот. Богат е со витамини кои ни се многу потребни, помага во процесот на губење на килограмите, помага во борбата со настинките итн. Добрата работа е што може да се употребува цел,вклучувајќи ја и кората.
Во неговата лушпа има дури и до десет пати повеќе витамини отколку во неговиот сок. Лимоновата лушпа е таа која се бори против разни бактериски инфекции, се бори со паразитите, го регулира крвниот притисок, а има и антидепресивни и анти-стрес состојки.

За да можете да ја употребите, замрзнете еден цел лимон, а кога ќе биде добро замрзнат изрендајте го. Потоа можете да го употребувате во супи, салати, десерти, сладоледи, житарки и секаде каде што ќе посакате. Освен што ќе додаде одличен вкус, на тој начин ќе можете да ги соберете и сите бенефити кои тој има да ги понуди.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените