В недела, 21 април, од 12 до 15 часот, Кочани ќе биде домаќин на педесетина историски возила – олдтајмери, кои ќе бидат изложени на паркингот кај Трговскиот центар, во центарот на градот.
Настанот го организира Автомобилското здружение „Љубители на класик мини“ од Скопје, во соработка со Општината Кочани.
На изложбата ќе можат да разгледаат повеќе модели на автомобили кои се возеле во минатото по нашите патишта, а ќе бидат претставени и 15 возила од Република Србија.
Покрај од Кочани, ќе има изложувачи и од Кавадарци, Куманово, Свети Николе, Велес, Македонска Каменица, Тетово и Скопје.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп