Големо недоразбирање е концептот дека анимираните серии се наменети само за деца.
Да факт е дека сите ние во одреден период во животот сме биле љубители на некоја или повеќе анимирани серии, но исто така е факт дека голем дел од нас и ден денеска можат да загледаат некоја анимирана серија или вилм на ТВ или во кино.
1980-тите и 199–те години беа препознатливи по големиот број спектакуларни и влијателни анимирани серии како што беше серијата Хи-Мен и Господарите на универзумот (He-Man and the Masters of the Universe) и слични серии кои пленеа по својата влијателност и естетски вредности со што ја обликуваа фантазијата на цели генерации во светски рамки.
Кога зборуваме за анимирани серии кои можат да бидат наменети за сите генерации, сериите во продукција на DC Animated Cartoons предничат по својата универзалност и тежина која се однесува на повеќе генерации.
Едноставно станува збор за епски анимации, со фантастична анимација, одличен наратив со највлијателните на најзначајните Холивудски ѕвезди позади ликовите на овие анимирани херои/антихерои.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!
„ЈЕЕЈ!“ ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ОТКРИВА СВЕТОТ НА МУЗИКАТА – Биби и Боби со нова епизода оваа сабота